Ливерпул го промовираше првото засилување за идната сезона

Само еден ден откако не успеа да ја освои шампионската титула, Ливерпул тргна кон градење на тимот за идната сезона. Португалскиот интернационалец 19-годишниот Рикардо Карваљо е првото засилување за „црвените“ за следната сезона.

Тој доаѓа од екипата на Фулам, каде што во минатата сезона постигна 10 гола и имаше осум асистенции во 36 натпревари.

Карваљо е роден во Лисабон, а го имаше своето деби за Португалија до 21 година во март оваа година, откако претходно го носеше дресот на Англија во помладите категории.

Се вчитува...