Ливерпул го растури Ватфорд, кошмарно деби за Раниери

Клаудио Раниери имаше кошмарно деби на клупата на Ватфорд откако лондонскиот клуб загуби на домашен терен од Ливерпул со 0-5. „Црвените“ делуваа моќно, создадоа десетина стопроцентни шанси, па домаќините можат да бидат и задоволни што не претрпеа уште поубедливо пораз на овој дуел.

Мечот стартуваше со извонредна асистенција на Салах до Мане, по што сенегалскиот ас рутински му донесе водство на Ливерпул. Доминацијата продолжи, а „црвените“ до крајот на полувремето постигнаа уште еден погодок, Фирмино беше стрелец на асистенција на Џејм Милнер.

Роберто Фирмино, кој сезонава најчесто е резерва на Жота, во второто полувреме постигна уште еден погодок, а четвртиот гол беше и најубав на мечот, откако Салах тргна во соло-акција, се ослободи од четири противнички фудбалери и го матираше голманот Фостер. Конечните 0-5 во самиот финиш ги постави Фирмино, комплетирајќи го хет-трикот на додавање на Неко Вилијамс.

Овој триумф беше добра увертира за избраниците на Јирген Клоп пред двете тешки гостувања во наредните седум дена, најпрвин против Атлетико Мадрид во ЛШ, а потоа и против Манчестер Јунајтед во Премиер-лигата.

Се вчитува...