Ливерпул го „реши“ Арсенал (ВИДЕО)

Ливерпул стигна до убедлив триумф против Арсенал од 4-0 во 12. коло од англиската Премиерлига. Садио Мане во 39. минута донесе водство за домашниот тим од 1-0, резултат со кој се замина на полувреме.

Вистински потоп следеше во второто полувреме кога прво Жота со маестрален гол во 52. минута зголеми на 2-0, а потоа и Салах се запиша во листата на стрелци во 74. минута за 3-0. Конечните 4-0 ги постави Минамино во 77. минута.

Натпреварот го одбележа и пресметката на двајцата тренери Јирген Клоп и Микел Артета која лесно можеше да премине и во тепачка во првото полувреме.

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...