Ливерпул го руши трансфер-рекордот и го носи екс играчот на Сити

Крилниот напаѓач на Баерн Минхен и германската фудбалска репрезентација, Лерој Сане е главна мета за наследник на Мохамед Салах во Ливерпул, во миговите кога Египѓанецот ќе го напушти „Енфилд“, а тоа би можело да се случи веќе на крајот на оваа сезона.

27-годишниот германски интернационалец во моментов се проценува на 65 милиони евра, но според пишувањата на англиските медиуми, Ливерпул ќе го плати многу повеќе, и со тоа ќе го сруши својот трансфер рекорд, кој изнесува 80 милиони, колку што платија за Дарвин Нуњез.

Инаку Сане е екс играч на Манчестер Сити, главниот ривал на Ливерпул за титулата. Тој стигна на Островот во 2016 година, како едно од првите засилување на Гвардиола, а за „граѓаните“ одигра 135 натпревари, постигна 39 гола и асистираше 46 пати. Во тој период освои две титули во Англија и сите други трофеи во Англија. Во 2020 го напушти Сити и замина во Баерн, со кој ги освои сите трофеи, освен оној најпрестижниот – ЛШ.

Оваа сезона Сане е во одлична форма, има седум голови во 11 натпревари. Некои информации велат дека уште зимоска Ливерпул ќе се обиде да го ангажира, а доколку не успее тогаш ќе тргне во целосна офанзива на лето.

Се вчитува...