Ливерпул го „шокираше“ Јунајтед уште во 5. минута (ВИДЕО)

Ливерпул по само пет минути игра води против Манчестер Јунајтед со 1-0 во натпревар од 30. коло во Премиер-лигата.

После една супер акција, од десната страна Салах додаде до Диаз кој што погоди во мрежата на Де Геа. Фил Џонс, кој после долга пауза добива шанса, задоцни заедно со Мегваер, и топката заврши во мрежата.

После голот настана и еден несакан момент, односно Де Геа и Александер-Арнолд имаа една вербална пресметка поради тоа што десниот бек на Ливерпул за малку ќе го погодеше со топка во глава.

Се вчитува...