Воут Фаес е апсолутно најголемиот малер во Премиер-лигата во оваа 2022 година откако дефанзивецот на Лестер за помалку од десет минути си постигна два автогола на гостувањето против Ливерпул.
За неговата мизерија да биде уште поголема, Лестер до моментот на „Фаес шоуто“ имаше предност од 0-1, но двете неспретни интервенции на овој белгиски фудбалер целосно го свртеа мечот во корист на „црвените“ на Јирген Клоп.
Особено малерозен беше првиот автогол, кога Александер Арнолд центрираше кон петерецот, дефанзивецот на Лестер се обиде да интервенира, но топката му пројде преку нога, доби неправилно движење во воздухот и над голманот заврши во мрежата.
Пресвртот беше комплетиран во 45. минута, кога Дарвин Нуњез излезе очи в очи со голманот, неговиот удар заврши во дирекот, а Фаес наместо да ја исфрли топката во корнер или во поле, несмасно ја смести во мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА