Ливерпул го украл Садио Мане од „пред носот“ на Манчестер Јунајтед

Садио Мане е една од клучните алки за успесите на Ливерпул во последниве сезони. Тимот на Јирген Клоп ја освои Лигата на шампионите, а дојде и на чекор до премиерлигашката титула по пауза од цели 30 години. Но, Мане ниту бил прв избор на Клоп, а и Сенегалецот воопшто не размислувал на Ливерпул во перидот кога беше во Саутемптон. Со агентите во тој период гледале кон Манчестер Јуанјтед.

„Во тој период воопшто не размислував за Ливерпул. Бевме насочени кон Манчестер Јуанјтед. Тоа беше тешко време за мене, бев на клупата и не мислев дека некој воопшто ќе ме побара. Драго ми е дека Клоп ми се јави“ – објаснува Мане.

Во документарен филм сниман во Сенегал, Клоп раскажува оти не бил импресиониран при првата средба со Мане. Го видел уште во периодот во Борусија Дортмунд и му личел на „рапер кој ја почнува кариерата“. Германецот признава оти му е драго што погрешил при таа проценка.

 

Се вчитува...