Ливерпул го задржа чекорот зад Манчестер Сити со пресврт победа над Њукасл

Ливерпул стигна до 12 победа во Премиерлигата откако во 17. коло славеше на домашен терен со 3-1 над Њукасл со што „црвените“ го задржаа чекорот со Манчестер Сити за првото место на табелата.

Џонџо Шелви го отвори мечот со одличен удар во 7. минута кој заврши зад грбот на Алисон, меѓутоа водството на „црно-белите“ не траеше долго. Во 21. минута по контроверзниот гол на Жота Ливерпил стигна до изедначување, а три минути подоцна преку Салах и до водство. Резултатот 2-1 остана на семафорот до 86. минута, а победата за „црвените“ ја осигура Александер-Арнолд.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...