Ливерпул и Манчестер Јунајтед се здружија и бараат револуција во англискиот фудбал

Променета структура на начинот на гласање во Премиер-лигата како и измени на основните модели на англиската фудбалска лига и на Фудбалската асоцијација. Ова е предлогот кој доаѓа од Ливерпул, а е поддржан и од Манчестер Јунајтед наречен „Проект Голема слика“ кој британските медиуми го открија денеска.

Меѓу другите идеи проектот подразбира намалување на Премиер-лигата од 20 на 18 клуба како и укинување на ЕФЛ Купот и на „Комјунити Шилд“ натпреварот. Идејата е најголемата моќ во англискиот фудбал да оди во рацете на најмоќните клубови и да биде заменет досегашниот систем на еден клуб – еден глас во дивизиите. Премиер-лигата се огласи експресно по објавите во медиумите со став дека „некои од идеите во проектот може да бидат штетни за фудбалот“.

Ливерпул и Јунајтед веќе одржале почетни преговори со клубовите од големата шесторка, Манчестер Сити, Арсенал, Тотенхем, Арсенал и Челси во надеж дека ќе биде постигнат заеднички договор. Сопствеништвото на Ливерпул „ Fenway Sports Group“ на овој проект кој подразбира радикална промена во управувањето со фудбалот работи од 2017 година, но плановите ги забрза пандемијата на коронавирусот и финансиската криза што таа ја предизвика.

 

 

Се вчитува...