Ливерпул и Тотенхем ќе ги разменат Холанѓаните?

Ливерпул веќе подолго време е сериозно заинтересиран за Мики ван де Вен како ново засилување за одбраната, а шансите дефанзивецот на Тотенхем да дојде на „Енфилд“ дополнително се зголемија откако лондонскиот клуб реши да тргне во офанзива по Коди Гакпо.

Крилниот офанзивец е калибар на играч каков што му недостига на Роберто де Зерби, кој планира целосен играчки ремонт во Тотенхем летово. Потписите на Ван Хеке и на Сенеси ја отвораат вратата за заминување на Ван де Вен, но Де Зерби планира да го искористи интересот на Ливерпул за холандскиот интернационалец за да стигне до потписот на Гакпо.

Коди делуваше најразочарано од заминувањето на Арне Слот, тој веќе ќе нема загарантиран првотимски статус како што тоа беше случај кај сонародникот, па веќе почна да разгледува опции за заминување од Ливерпул. Де Зерби му нуди стандардна минутажа доколку прифати да му се приклучи на Тотенхем, кој по ланската разочарувачка сезона планира од август да се врати во борбата за висок пласман во Премиер-лигата.

Со оглед на фактот дека вредноста на двајцата фудбалери е приближно иста (Ливерпул бара 70 милиони за Гакпо, Тотенхем 60 милиони за Ван де Вен), лесно може да дојде до размена на холандските репрезентативци меѓу двата премиерлигаши.

Се вчитува...