Ливерпул игра историска сезона, има бодовен рекорд во драматична битка за титулата

На три кола пред крајот од сезоната и во тесна битка за шампионската титула во Премиер-лигата, Ливерпул веќе има историско постигнување. Со трите бода освоени во победата над Кардиф, „црвените“ дојдоа до вкупни 88 бода што е најмногу во историјата на клубот во една премиерлигашка сезона. Овие бодови се по 35 одиграни натпревари во кои клубот има 27 победи, седум нерешени исходи и само еден пораз.

Бројките секако ќе се подобруваат со оглед дека Ливерпул треба да одигра уште три дуели, против Хадерсфилд, против Њукасл и против Вулверхемптон.

Во мометов Ливерпул има два бода повеќе од ривалот за титулата, бранителот на шампионскиот трофеј Манчестер Сити кој има и натпревар помалку, а ќе го одигра в среда и тоа против градскиот ривал, Манчестер Јунајтед.

 

 

Се вчитува...