Ливерпул им се врати на победите

Ливерпул ја прекина серијата слаби игри откако по голема битка триумфираше над Бурнемаут со 2-1, враќајќи се во победнички ритам пред реваншот од осминафиналето во ЛШ против Атлетико Мадрид.

Вилсон го замолкна „Енфилд Роуд“ откако во 9. минута ги донесе гостите во водство, но до пресврт дојде уште пред крајот на полувремето. Најпрвин Салах израмни на 1-1 на додавање на Мане, пред самиот Мане да го постигне вториот гол за „црвените“, на асистенција на Вирџил ван Дајк.

Избраниците на Клоп го контролираа поголемиот дел од второто полувреме, но имаа и многу среќа откако Милнер спаси од самата гол-линија, не дозволувајќи израмнување.

Се вчитува...