Ливерпул го договори трансферот на Карвалјо од Фулам, а „црвените“ се на добар пат да комплетираат уште едно ново име за наредната сезона. Станува збор за десниот бек на Абердин, Калвин Ремзи, кој важи за еден од најталентираните шкотски фудбалери за кого се интересираат и неколку англиски премиерлигаши.
Лидс испрати понуда од пет милиони фунти за Рамзи, но Ливерпул ќе излезе како победник од трката откако понуди четири милиони за самиот потпис, и уште два милиони врзани со неколку клаузули. Притоа, младиот фудбалер од неколкуте понуди на маса ја избра онаа од тимот на Јирген Клоп, каде ќе му биде резерва на Трент Александер Арнолд, еден од најдобрите десни бекови во светскиот фудбал.
„Да можам да тренирам со Трент Александар Арнолд и да се обидам да напредувам од него, со движењата и со центаршутите кон противничкиот шеснаесетник, тоа би било идеално“, изјави Ремзи пред неколку седмици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА