Откако загуби неколку играчи кои не сакаа да дојдат во Ливерпул, а го избраа Челси Јирген Клоп е на прагот да реши уште еден проблем во преодниот рок.
Станува збор за позицијата играч за врска, а како што стојат работите, член на тимот од „Енфилд“ ќе стане искусниот Јапонец Ватаро Ендо, член на Штутгарт.
Како што пренесува познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, договорот меѓу двата клуба е постигнат. Ендо ќе дојде во Ливерпул на медицински прегледи во четврток за да ги заврши сите формалности околу трансферот.
Ендо побарал дозвола од првиот човек на клубот да се пресели во Ливерпул и очигледно ја добил, а за неговото доаѓање Англичаните ќе платат 18 милиони евра.
Така, Ендо ќе ја пополни празнината во тимот создадена со заминувањето на капитенот Џордан Хендерсон и Фабињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА