Ливерпул купува голман од Турција

Англискиот премиерлигаш Ливерпул е во интензивна потрага по нов голман, а менаџерот Јирген Клоп се чини дека го пронајде во Турција. Угурчан Чакир, чуварот на мрежата на Трабзонспор е желбата на германскиот стратег за нова аквизиција во летниот преоден рок. За него Ливерпул испратил понуда вредна 25 милиони евра, пишуваат турските медиуми.

На Ливерпул му е потребен квалитетен голман кој би бил солидна замена за Алисон Бекер. Изборот паднал на 24-годишниот голман на Трабзонспор кого скаутите на Ливерпул го следат веќе подолг период. Турците пишуваат дека за него постои интерес и од Манчестер Сити, Севилја и од Рома.

Се вчитува...