Ливерпул лесно против Брентфорд, за пробив на втората позиција (ВИДЕО)

Ливерпул славеше лесна победа од 3-0 против Брентфорд со што се проби на втората позиција на табелата во Премиерлигата.

„Црвените“ победата ја најавија со голот на Фабињо во 44. минута.

Во второто полуреме, најпрво Окслејд-Чемберлен во 69. минута зголеми на 2-0, а потоа Минамино ги постави конечните 3-0.

Во вториот денешен натпревар во Премиерлигата, Лидс славеше со 2-3 на гостувањето против Вест Хем. Харисон во 60. минута беше стрелец на победничкиот трет гол за Лидс.

Се вчитува...