Ливерпул лесно со Барнли: Жота и Мане за три бода (ВИДЕО)

Ливерпул дојде и до втората победа сезонава во Премиерлигата, триумфирајќи со 2-0 на „Енфилд“ против Барнли во 2. коло.

„Црвените“ триумфот го најавија уште во 18. минута со голот на Диего Жота.

Во 37. минута и Салах се израдува на гол, но беше поништен потоа по интервенција на ВАР-судијата.

Во второто полувреме конечните 2-0 ги заокружи Мане со голот во 69. минута.

Ливерпул со две победи е во моментов на врвот од табелата во Премиерлигата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...