Ливерпул ги „лови“ рекордните 750 милиони фунти на Манчестер Јунајтед

Ливерпул е во преговори со Најк и со Адидас околу постигнување спонзорски договор кој би важел од 2020 година кога ќе истече актуелната соработка со Њу Баланс вредна 45 милиони фунти по сезона. Од клубот најавуваат дека не се блиску до договор, но велат оти се оптимисти дека ми можеле да го надминат рекордот за Премиер-лигата кој го има Манчестер Јунајтед со Адидас од 750 милиони фунти.

Јунајтед во моментов е на третото место во светот, зад Барселона и Реал Мадрид според вредноста на спозорскиот договор за опрема. Пред извесно време, Манчестер Сити потпиша договор за опрема со Пума вреден 650 милиони фунти.

 

 

Се вчитува...