Ливерпул на колена: Од Енфилд поддршка за протестите во САД

Драматичните случувања во САД, протестите кои добија огромни размери и беа иницирани од убиството на невооружен афро-американец, Џорџ Флојд,  од полицијата добиваат се поголема поддршка во спортскиот свет. Со симболичното клекнување на колена, потег кој стана симбол на движењето меѓу спортистите во САД кои бараат правда за црномурестите луѓе и адекватно однесување на полицијата, фудбалерите на Ливерпул на денешниот тренинг ја изразија поддршката за движењето „Black Lives Matter“.

На првиот тренинг на „Енфилд“ по прекинот на сезоната, сите фудбалери од тимот на Јирген Клоп клекнаа на колена и со тоа Ливерпул е првиот колектив кој изразува заедничка поддршка за борците против расизмот и расната дикриминација во однесувањето на полицијата. Претходно и Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо отворено застанаа на страна на протестите во САД.

 

Се вчитува...