Ливерпул на „турбо-погон“: Убедлива победа на тестот со Лестер (ВИДЕО)

Ливерпул одигра извонреден пријателски натпревар со Лестер победувајќи убедливо со 4-0.

Уште во првото полувреме на мечот беше јасно кој е кој на теренот, откако Дарвин Нуњез во 30. минута го отвори резултатот за водство од 1-0.

По само пет минути веќе беше 2-0 со голот на Кларк а Диого Жота во 38. минута на асистенција на Салах зголеми на 3-0 по што се замина на пауза.

Во второто полувреме Јирген Клоп буквално го промени комплетниот тим на „црвените“ на терен, но тоа не ги спречи да продолжи со головите. Па, младиот Доук во 64. минута зголеми и на 4-0.

Се вчитува...