Раководството на Ливерпул продолжува со преговорите со Лајпциг, се со цел што поскоро да го осигура потписот на Јан Диоманде, суперталентираниот фудбалер од Брегот на слоновата коска во кого „црвените“ гледаат идеален наследник на Мохамед Салах.
Брзоногиот крилен офанзивец имаше извонредна сезона во дресот на Лајпциг, игра одлично и на СП 2026, што беше доволна препорака за Ливерпул да ги интензивира разговорите со германскиот клуб.
Првата понуда во висина од вкупни 100 милиони евра беше експресно одбиена од Лајпциг, чии челници чекаат во трката да се вклучи и ПСЖ, ако се знае дека Диоманде е високо на листата со желби на Луис Енрике. Токму интересот на европскиот првак е причината Ливерпул да не чека премногу, па за денеска е најавена понуда од вкупно 120 милиони евра, блиску до оние 125 милиони што Лајпциг ги бара за својот најголем бисер.
Од оваа сума, 100 милиони ќе бидат загарантирани, додека преостанатите 20 милиони ќе бидат поврзани со неколку клаузули, за бројот на настапи и голови на Диоманде за Ливерпул како и за трофеите што овој фудбалери би ги освоил со англискиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
