Ливерпул не заборава: Клоп доби статуа во музејот на „Енфилд“

Датумот 8 октомври е со златни букви запишан во историјата на Ливерпул, токму на овој ден пред точно 11 години англискиот гигант за свој менаџер го именуваше Јирген Клоп.

Добро познато е што се Клоп успеа да направи од заспаниот „џин“ од Енфилд, освојувајќи ги сите можни трофеи со Ливерпул пред да си замине пред две сезони, по што летово стана селектор на репрезентацијата на Германија.

Годишнината од неговото именување за нов менаџер на „црвените“ беше одбележана на фантастичен начин, со тоа што Клоп доби своја статуа во клупскиот музеј на Ливерпул.

Навивачката група „Spirit of Shankly“ ја донираше статуата на клубот, при што денеска таа беше и официјално поставена во музејот на „Енфилд роуд“, во катчето посветено на легендарниот стратег.

Се вчитува...