Челниците на Ливерпул одбија понуда од Ал Итихад вредна 215 милиони фунти за услугите на египетскиот интернационалец Мохамед Салах. Ова го потврди играчот на Вест Хем, Мајкл Антонио.
Антонио кажа дека Салах веќе се согласил да си замине од Ливерпул, меѓутоа тимот на крајот не дозволил трансфер.
„Салах не одби ништо. Беше заклучен, од клубот доби порака дека нема да оди никаде. Но, знам дека беше подготвен да оди. Не го разбирам клубот. Што повеќе тој може да даде за Ливерпул? Саудиска Арабија е голема шанса за него. Одбија 215 милиони фунти за 31-годишен фудбалер. Едноставно, тоа ми е целосно лудо што не прифатија“, рече Антонио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА