Андони Ираола се соочува со огромни проблеми во пресрет на наредното гостување во Лигата на Шампионите против австриски ЛАСК ако се земе во предвид дека Ливерпул ќе настапи без дури осум првотимци на овој дуел.
Капитенот Доминик Собослаи повторно нема да биде во тимот исто како и Исак и Гакпо откако ова трио не настапи ниту на неделното дерби со Манчестер Сити. Екитике веќе подолго време е повреден исто како и Бредли и Леони, тројцата нема да се вратат во тимот најмалку уште еден месец.
Згора на тоа, Ираола во тимот ќе ги нема ниту Ендо и Киеза, кои воопшто не беа регистрирани за настап во Лигата на Шампионите.
Во една таква ситуација, за очекување е Кумас повторно да го предводи нападот на „црвените“, а шанса од првата минута би требало да добие и младиот Рио Нгумоха.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
