Ливерпул остана без уште еден ас пред клупскиот Мундијал

Ливерпул славеше со 2-0 над Ватфорд, но последниот меч во пресрет на клупскиот Мундијал донесе и нов проблем за Јирген Клоп, кој остана без уште еден стандарден првотимец.

Фабињо и Матип се загубени за шампионатот во Катар, се уште виси и настапот на Дејан Ловрен, но Клоп за двете средби што ќе се играат во следните седум дена нема да може да смета ниту на Џорџињо Вајналдум. Холандскиот играч за врска се повреди во второто полувреме, a првичните прогнози на лекарите не се оптимистички.

„Проблемот е во мускулот. Ќе видиме за што точно станува збор, но тешко ќе биде тој да игра во Катар“ – изјави Јирген Клоп.

Се вчитува...