Ливерпул остана без уште еден стандарден првотимец

Јирген Клоп не може да крене глава од повреди на првотимци на Ливерпул при секоја репрезентативна пауза, тренд што продолжи и во овие ноемвриски натпревари.

Енди Робертсон е последниот играч што му создаде главоболка на стратегот на „црвените“, откако левиот бек не успеа да го доврши синоќешниот дуел меѓу Шкотска и Данска. Тој се пожали на болка во мускулот и мораше да биде заменет во 79. минута, по што на негово место влезе Скот Мекена.

Робертсон речиси сигурно ќе го пропушти саботното дерби меѓу Ливерпул и Арсенал, на кое шанса би требало да добие Циципас. Клоп се уште не знае дали за овој дуел ќе може да смета на Хендерсон и на Мане, кои исто така се повредија за време на репрезентативните настапи. Сигурно „во аут“ е и Роберто Фирмино, по повредата на мускулот заработена пред петнаесетина дена.

Се вчитува...