Ливерпул победува како од шега, Тотенхем го растури Барнли

Ливерпул ја продолжува неверојатната серија од стартот на премиерлигашката сезона, откако тимот на Јирген Клоп славеше над Бурнемаут со 0-3, за своја 15. победа на вкупно 16 одиграни натпревари. Клоп повторно го ротираше тимот, овојпат на клупата останаа Мане, Вајналдум и Александер – Арнолд, но тоа не се одрази врз изданието на актуелниот европски првак. Окслејд-Чембрлен го отвори резултатот, а на 0-2 зголеми Наби Кеита на асистенција на Салах. Кеита ја возврати услугата во второто полувреме, кога му асистираше на Салах за водство од 0-3.

Проблем за Клоп сигурно ќе претставува повредата на Дејан Ловрен, кој мораше да биде заменет уште во првото полувреме. Во ситуација кога повреден е и Матип, како и Фабињо, стратегот на Ливерпул сега на располагање ги има само Ван Дајк и Гомез како централни дефанзивци во пресрет на клучниот меч од ЛШ со Салцбург, но и на десетина дена до клупското СП во Катар.

Тотенхем убедливо го совлада Барнли со 5-0, меч што тимот на Жозе Мурињо го реши уште во првите триесетина минути игра. „Спарси“ набрзина поведоа со 3-0 преку Кејн, Моура и Сон, за Кејн во вториот дел со својот втор погодок да зголеми на 4-0, потоа и да асистира до Сисоко за конечните 5-0.

Се вчитува...