Ливерпул би можел да остане без титула во Премиерлигата доколку дојде до откажување на натпреварите поради опасноста од коронавирусот.
Тимот на Јирген Клоп има 79 бода на врвот од табелата во Англија, дури 22 бода повеќе од Манчестер сити кој е на второто место. До крајот на првенството се уште 11 кола и извесено е дека „црвените“ ќе бидат новите шампиони. Ако короновирусот не ги спречи во тоа.
Забрзаното ширење на вирусот во Европа е причина за откажување на натпревари во Италија, а од Серија А размислуваат и за привремен прекин на првенството. А, како што пишува „Дејли Телеграф“ доколку се продолжи со ова темпо на ширење на коронавирусот и на Островот не е исклучено владата на Велика Британија да го прекине фудбалското натпреварување. Во тој случај раководството на Премиерлигата ќе има тешка одлука пред себе, комплетно да се поништи првенството или предвреме да ја признае титулата на Ливерпул.
Во Премиерлигата веќе е и првиот фудбалер кој е во карантин поради можна опасност од коронавирусот. Се работи за Хјонг Мин-Сон кој се врати од Сеул во Лондон. Веднаш по слегувањето од авион е под грижа на епидомиолози и две недели ќе мора да биде во карантин. Ѕвездата на Тотенхем не е позитивна на коронавирус, но поради претпазливост ќе мора во изолација и две недели нема да биде со тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА