Ливерпул повторно ја спушти рампата за Египет, Салах не може да се приклучи на националниот тим

Фудбалскиот клуб Ливерпул не му дозволува на Мохамед Салах да биде дел од репрезентацијата на Египет во претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство. По негативниот одговор на Ливерпул кога Египет испрати покана да биде пуштен фудбалерот на настапите на Олимписките игри, пристигна нов негативен одговор од „Енфилд“ кога учеството на Салах во дресот на репрезентацијата е доведено во прашање.

Имено, „црвените“ не сакаат да ја ризикуваат здравствената состојба на Мохамед Салах, ниту карантинот во кој Египќанецот на крајот би морал да влезе при враќањето од репрезентацијата, па повторно се во клинч со неговата репрезентација.

Фудбалската федерација на Египет е огорчена од ваквата реакција на Ливепрул, па сега сакаат правдата да ја бараат во Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА).

Се вчитува...