Ливерпул „преспа“ 40 минути, па даде седум гола (видео)

Ливерпул со импресивна победа од 7-2 над Блекпул ги заврши подготовките за новата сезона, триумфирајќи на празниот „Енфилд роуд“ во последниот контролен натпревар во стартот на новото издание на Премиер-лигата.

Клоп имаше на располагање голем број „ѕвезди“ во тимот, но Ливерпул премногу опуштено влезе во мечот, па Блекпул неочекувано поведе со 0-2. „Црвените“ во првите 40 минути немаа ниту една шанса за гол, за Матип пред крајот на полувремето да намали на 1-2.

Гол-шоуто на актуелниот англиски првак следеше во вторите 45 минути, во кои Клоп го изротира тимот, но оние кои влегоа на теренот беа многу пожелни за докажување од стартерите на Ливерпул. Мане израмни на 2-2, потоа Фирмино погоди со пета за 3-2, за до крајот меѓу стрелците да се запишат и младите Елиот и Ван ден Берг, како и Минамино и Ориги.

Ливерпул ќе ја стартува новата премиерлигашка сезона со домашен натпревар против Лидс, меч што е закажан за наредната сабота.

Се вчитува...