Европскиот првак Ливерпул е на чекор до освпјување на шампионската титула во Премиер – лигата, а менаџерот Јирген Клоп размислува за засилување на навалната линија за следната сезона. „Црвените“ се во преговори со Џејдон Санчо, но напаѓачот на Борусија Дортмунд сепак е поблиску до трансфер во Манчестер Јунајтед. Оттаму Клоп има друг план, да го врати Рахим Стерлинг на „Енфилд Роуд“.
Стерлинг пред неколку дена истакна дека има само убаво спомени од периодот во Ливерпул и уште повеќе ја „запали“ атмосферата околу неговото враќање назад. Англискиот репрезентативец во 2015 година замина од Ливерпул во Манчестер Сити за 60 милиони фунти, а сега поранешниот клуб би вложил 100 милиони фунти за да го врати назад. Тој е под договор со „граѓаните“ до 2023 година, а сериозен интерес за него појавува и Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА