Ливерпул се договори со Баерн Минхен – Тијаго Алкантара доаѓа на „Енфилд“

Англискиот шампион Ливерпул се согласил на Баерн Минхен да му плати 30 милиони евра за услугите на Тијаго Алкантара, пренесуваат британските медиуми. Тијаго веќе ги договорил личните услови со клубот и се чека само на време кога ќе биде официјализиран трансферот.

„Црвените“ беа главен фаворит за неговиот потпис, но не можеа да се договорат со Баварците околу цената за неговите услуги. Сепак, германскиот тим на крајот попушти бидејќи сака да го продаде фудбалерот пред стартот на новата сезона. За Ливерпул ова ќе биде второ засилување сезонава откако претходно на „Енфилд“ стигна грчкиот лев бек Костас Цимикас.

 

Се вчитува...