Ливерпул се намачи, но ја совлада Астон Вила и остана во трка за титулата (ВИДЕО)

Ливерпул освои три бода на гостувањето во Бирмингем кај Астон Вила, откако со пресврт успеа да победи со 1-2. Со тоа ја продолжи трката кон титулата во Премиер-лигата, иако ова беше сериозна закана за четата на Јирген Клоп, со оглед дека Вила имаше шанси да освои бод од овој меч, и да му ја загорчи судбината на Ливерпул.

Луиз во 3. минута донесе водство за Астон Вила, откако од втора го совлада Алисон со глава. Ливерпул бараше прекршок, но не го доби. Сепак, Матип само три минути подоцна по една супер акција го израмни резултатот.

Проблемите на Клоп како да немаа крај, па така остана без Фабињо кој се повреди и мораше да излезе.

Во вториот дел Мане постигна гол во 65. минута за 1-2, откако искориси една од многуте шанси кои Ливерпул ги имаше на стартот од вториот дел. До крајот на мечот Астон Вила имаше неколку шанси, но одбраната на Ливерпул беше на вистинско место, а неколку добри интервенции имаше и голманот Алисон.

Сега и Сити и Ливерпул се израмнети со бодовите, но Сити има натпревар помалку.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...