Ливерпул се откажа од Минтех, доби „корпа“ и за Сар

Андони Ираола во неколку наврати летово стави до знаење дека му се потребни нови фудбалери до крајот на преодниот рок, но управата на Ливерпул се мачи да ги исполни желбите на новиот тренер кој летово пристигна на „Енфилд“.

Преговорите со ПСЖ за Баркола се одолговлечија, од Ливерпул порачаа дека планираат да доведат и уште еден крилен офанзивец, но таа потрага оди уште потешко,

Најпрвин се преговараше за Ибрахим Мбаје, но фактот дека ПСЖ бараше над 60 милиони евра за сенегалскиот тинејџер кој воопшто не е стандарден кај Луис Енрике придонесе „црвените“ да се откажат од оваа намера.

Во меѓувреме вниманието беше насочено кон Минтех од Брајтон, беа испратени и две понуди што премиерлигашкиот ривал, а откако Брајтон побара неверојатни 80 милиони фунти „црвените“ се откажаа и од овој фудбалер.

Поладнево беше објавено дека најнова желба на гигантот од „Енфилд“ е Исмаила Сар, сенегалскиот фудбалер од редовите на Кристал Палас за кого „црвените“ испратија понуда од 50 милиони фунти. Веднаш стигна одговорот од лондонскиот клуб – понудата е одбиена и Сар не е за продажба.

Времето одминува, опции има се помалку, а Ливерпул е на добар пат да го разочара својот тренер…

Се вчитува...