Ливерпул се пишмани – нема да бара државна помош за платите на администрацијата

Челниците на Ливерпул го променија ставот и објавија дека сепак нема да бараат државна помош за да ги покријат платите на административните работници во клубот, откако актуелниот европски првак беше жестоко критикуван поради аплицирањето за финансиска помош од државата. „Црвените“ пред неколку дена објавија дека ќе аплицираат за помош, што предвидува државата да покрие 80% од платите на вработените, а клубот најави дека ќе ги покрие преостанатите 20% за сите да ги земат договорените плати.

Сепак, во ситуација кога англискиот гигант во изминатите месеци се жалеше на огромни приходи, јасно е зошто британската јавност жестоко ги нападна „црвените“, посочувајќи дека државната помош е наменета за клубови што имаат финансиски проблеми, што дефинитивно не е случај со Ливерпул. Меѓу најгласните критичари беа и неколку поранешни фудбалери на „црвените“ предводени од Џејми Карагер, по што клупската управа денеска преку ново соопштение објави дека го променило ставот.Извршниот директор Питер Мур во името на клубот се извини за претходната одлука и објави дека Ливерпул нема да аплицира за државна помош.

Претходно, вакви мерки најавија и челниците на Њукасл, Тотенхем, Борнмут и Норвич, кои засега не го променија ставот на оваа тема.

Се вчитува...