Германскиот тренер Јирген Клоп стана „икона“ во Ливерпул. Германецот дојде на Енфилд пред седум години, а пред неколку месеци ја продолжи соработката до 2026 година со тимот од „Енфилд“. Така Ливерпул се сигурни дека уште четири години ќе биде дел од „црвените“. Освен ако не се повтори проклеството „седма година“.
Сепак, и продолжувањето на договорот на Клоп, не го спречува Ливерпул веќе да бара замена за него.
Веќе се споменува името на Анге Постецоглу, тренерот од Австралија кој е роден во Грција. Сепак, рано емигрирал во Австралија, а потоа настапува за Саут Мелбурн Хелас, а беше дел и од селекцијата на Австралија.
Откако предводеше неколку екипи во Австралија, и самата репрезентација четири години, во 2018 година стана дел од Јокохама Маринос. Во минатата година стана тренер на Селтик, со кого успеа да нареди успеси.
Сега се споменува како тренер на Ливерпул, а познато е дека Анге Постецоглу од мали нозе навива за „црвените“, што би било дополнителен мотив за клупата на „црвените“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА