Ливерпул се засилува на сите полиња

Ливерпул е актуелен светски и европски клупски првак, лидер во Премиер-лигата, а клубот од „Енфилд“ покрај на резултатски план се повеќе расте и како бизнис-бренд. Во тој правец, денеска беше официјализиран договорот со американската компанија „Најк“, кој ќе ги опремува „црвените“ во следните неколку години, почнувајќи од 1 јуни 2020.

„Му посакуваме добредојде на Најк во нашето семејство. Оваа компанија ќе биде нов производител на нашите дресови, верувам дека ќе се покаже како извонреден партнер на нашиот клуб. Како бренд, Најк ја потврдува нашата амбиција за развој“ – изјави Били Хоган, комерцијален директор на Ливерпул.

Досегашниот спонзор на Ливерпул, компанијата Њу Баланс, преку судска тужба се обиде да го продолжи договорот за уште една година, но откако истата беше одбиена, веќе немаше никаква пречка за официјализација на договорот со Најк.

Европскиот шампион ќе има загарантирани 30 милиони фунти годишно, но и 20% од сите приходи од продадените клупски производи на „Најк“. Првичните прогнози се дека Ливерпул лесно ќе ја надмине сумата од 75 милиони фунти годишно, што е актуелен рекорд во Премиер-лигата од договорот што Манчестер Јунајтед го има со Адидас.

Се вчитува...