Ливерпул се збогува од „Принцот на Енфилд“, џокерот кој одговараше кога беше најпотребно

Дивок Ориџи денеска ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Ливерпул. Белгискиот голгетер е дел од „црвените“ од 2014 година, а првиот официјален натпревар го одигра во 2015 година. Тој поголемиот дел од кариерата во тимот од „Енфилд“ го помина на клупата за резерви, но се наметна како „џокер“ чиј одговор доаѓаше кога беше најпотребно.

Поради таа причина медиумите во Англија му го дадоа надимакот „Принцот на Енфилд“, а Јирген Клоп статусот на легенда.

„Тој за мене беше и секогаш ќе биде легенда на Ливерпул. Еден од најважните играчи кои сум ги имал. Тоа звучи многу чудно со оглед на бројот на натпревари кои ги одигра, но беше неверојатно да работам со него. Очекувам дека Енфилд ќе му приреди посебен прием или посебно збогување. Заслужи, и каде и да ја продолжи кариерата знам дека ќе биде успешен. Сигурен сум во тоа. Тој е извонреден играч и извонреден човек. Ќе биде тежок момент за мене бидејќи од кога сум јас тука, тука е и тој. Тој е легенда на Ливерпул без сомнеж“, изјави Клоп.

Се вчитува...