Ливерпул славеше на гостувањето кај Шефилд, Брајтон подобар од Брентфорд (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул стигнаа до нов триумф во англиската Премиер-лига откако вечерва славеа со 0-2 на гостувањето кај Шефилд јунајтед во 15. коло.

Гостите поведоа во 37. минута кога капитенот на „црвените“ Вирџил ван Дајк стрелаше за 0-1, додека конечните 0-2 беа дело на Собошлаи во 95. минута.

Sheffield United 0 – [1] Liverpool – Virgil Van Dijk 37‎’‎
byu/MarcoRuss insoccer

Во останатите мечеви од првиот вечерашен термин во Премиер-лигата: Кристал Палас – Бормут 0-2, Фулам – Нотингем Форест 5-0 и Брајтон – Брентфорд 2-1.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...