Ливерпул слави: Клоп потпиша до 2026 година!

Јирген Клоп експресно ги разреши сите дилеми околу својата иднина, откако германскиот стратег и официјално потпиша нов договор со екипата на Ливерпул, со важност до 2026 година. „Црвените“ со тоа успеаја да го осигураат останувањето на најтрофејниот стратег во последните триесетина години, кој претходно имаше најавено дека по истекот на актуелниот договор во 2024 година ќе земе една година одмор од фудбалот.

Британските медиуми утрово обелоденија дека Ливерпул почнал преговори со Клоп откако Германецот искажал желба да ја продолжи соработката, а клубот веднаш му излегол во пресрет и ги задоволил неговите клучни барања. Сепак, ретко кој очекуваше преговорите експресно да бидат финиширани, па Клоп уште денеска го ставил потписот на новиот договор.

Според медиумите, финансискиот дел не бил никаков проблем во разговорите, а клучно било што управата дала зелено светло за нови договори и поголеми плати на сите членови на стручниот штаб, Лијндерс, Кравејц и Матос, кои како и Клоп потпишале договори со важност до јуни 2026 година.

Се вчитува...