Ливерпул со „чудото во Истанбул“ до врвот на Европа – 18 години од најлудото финале во историјата на ЛШ (видео)

На денешен ден пред точно осумнаесет години беше одиграно највозбудливото финале во историјата на Лигата на шампионите, кога на 25 мај 2005 година на стадионот во Истанбул истрчаа фудбалерите на Ливерпул и на Милан.

Италијанскиот гигант одигра перфектно прво полувреме во кое со головите на Малдини и на Креспо (два). „Росонерите“ беа на чекор до трофејот, а потоа Ливерпул за помалку од десет минути се врати, Џерард намали на 3-1, Шмицер стрелаше од дваесетина метри за 3-2, а на 3-3 израмни Чаби Алонсо.

Голманот Дудек беше херојот на Ливерпул, со одбранетиот зицер на Шевченко во продолжението,  а потоа и со запрениот удар од белата точка на Украинецот во пенал-рулетот.

Се вчитува...