Ливерпул со двоцифрена предност, Мурињо го исправи Тотенхем, Вест Хем го освои „Стемфорд бриџ“

Ливерпул го совлада Брајтон со 2-1 и ја зголеми предноста во однос на Манчестер Сити на 11 бода на врвот на табелата во Премиер – лигата. Вирџил ван Дајк со два гола беше човек на одлука, а „црвените“ од 76.минута играа со играч помалку поради исклучувањето на Алисон Бекер, кој играше со рака надвор од дозволениот простор. Луис Данк намали на 2-1, но бодовите останаа за составот на Јирген Клоп.

Тотенхем е друг тим под водство на Жозе Мурињо. Славеше на домашен терен против Борнмут со 3-2. Деле Али постигна два гола, Сисоко зголеми на 3-0, а гостите во финишот намалија со двата гола на Хари Вилсон.

Челси беше непријатно изненаден од Вест Хем на „Стемфорд бриџ“ и загуби со 0-1. Арон Кресвел во 48.минута беше човек на одлука на овој меч. Кристал Палас славеше на гости со 0-2 против Барнли.

 

Се вчитува...