Ливерпул со понуда до Брозовиќ, Клоп му нуди трампа на Интер

Ливерпул е подготвен за стартува преговори со Интер за плејмејкерот, Марсело Брозовиќ. Клоп во хрватскиот репрезентативец гледа идеална замена за Чемберлејн, кој заработи тешка повреда во предсезоната и долго време ќе отсуствува од терените.

Ваката информација ја пренесуваат италијанските медиуми. Тренерот на „црвените“ е загрижен поради малкуте алтернативи кои ги има во средниот ред и верува дека Брозовиќ одлично ќе се вклопи во неговиот тим.

Хрватскиот фудбалер е еден од најважните играчи на Интер, па „нероаѕурите“ нема лесно да се откажат, но Ливерпул е спремен покрај пари да го понуди и Наби Кеита.

Се вчитува...