Ливерпул со пресврт против Саутемптон остана „жив“ за титулата (ВИДЕО)

На идентичен начин како што ја победи Астон Вила, вечерва Ливерпул ја совлада и екипата на Саутемптон. По првичниот „шок“ и негативата, „црвените“ со пресврт успеаја да освојат три бода, и да останат во игра за титулата во Премиер-лигата, битка која ќе се решава во последното коло.

Редмон во 13. минута ја искористи грешката во одбраната на Ливерпул да донесе водство. Со убав удар погоди во голот на Алисон и донесе водство. Гостите не чекаа многу, веднаш дадоа гол но беше поништен поради офсајд. Стрелец беше Фирмино. Сепак, радоста не беше скратена во 27. минута кога Минамино донесе израмнување.

Во вториот дел Ливерпул помалку и среќно постигна втор погодок. По изведен корнер Матип, кого го погоди топката во глава, го најде патот до голот за голем пресврт и голема победа.

Сега Сити има предност од еден бод, а во последното коло тимот на Гвардиола гостува кај Астон Вила, додека Ливерпул игра дома со Вулверхемптон.

Инаку на овој натпревар Јирген Клоп направи дури седум промени од финалниот меч во ФА Купот против Челси пред неколку дена.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...