Ливерпул забележа среќна победа од 2-1 над Лестер за заокружување на оваа 2022 година што „црвените“ нема да ја паметат по премногу добри работи, откако загубија финале во ЛШ, освоија еден бод помалку од Манчестер Сити во ПРемиер-лигата ланската, но и го одиграа катастрофално првиот дел од новата сезона.
Тимот на Клоп барем вечерва се радуваше на триумф, а најзаслужен за тоа е гостинскиот дефанзивец Воут Фаес, кој си постигна два автогола во првото полувреме и донесе целосен пресврт по водечкиот гол што го постигна Дусбери Хол. Дарвин Нуњез повторно не се прослави иако имаше неколку одлични шанси, но за Ливерпул најважни сепак се трите бода со кои „црвените“ дополнително се приближуваат во трката за Топ 4 во Премиер-лигата.
Особено малерозен беше првиот автогол, кога Александер Арнолд центрираше кон петерецот, дефанзивецот на Лестер се обиде да интервенира, но топката му пројде преку нога, доби неправилно движење во воздухот и над голманот заврши во мрежата.
Пресвртот беше комплетиран во 45. минута, кога Дарвин Нуњез излезе очи в очи со голманот, неговиот удар заврши во дирекот, а Фаес наместо да ја исфрли топката во корнер или во поле, несмасно ја смести во мрежата.
Резултатската криза на Вест Хем уште повеќе се продлабочи по денешниот убедлив пораз на домашен терен од Брентфорд со 0-2. Тони го најави триумфот на гостинскиот тим, а и вториот гол исто така беше постигнат во првото полувреме, стрелец беше Да Силва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА