Ливерпул со удобна предност ќе патува во Португалија

Ливерпул си обезбеди удобна предност од 2-0 по првиот четвртфинален дуел со Порто, заслужена победа  благодарение на фуриозниот почеток на избраниците на Јирген Клоп.

Наби Кеита постигна важен гол на самиот почеток, рано кршејќи го отпорот на гостинскиот тим. Фирмино го проигра поранешниот играч на Лајпциг, кој со помош на еден гостински дефанзивец ја смести топката во мрежата на Касилјас. Порто беше во шок, Салах промаши одлична шанса, но нешто подоцна Ливерпул заслужено стигна и до 2-0. Хендерсон маестрално го проигра Трент Арнолд зад противничката одбрана, а десниот бек го поигра во празно Фирмино, кој немаше тешка задача да ја погоди празната мрежа.

Ливерпул имаше уште неколку убави шанси во првото полувреме, за во вториот дел „црвените“ умешно да ја сочуваат предноста. Порто сигурно ќе се жали на арбитражата бидејќи не беа досудени два пенали за гостите поради играње со рака на фудбалерите на Ливерпул, што значително ја отежнува задачата на португалскиот првак пред реваншот наредната среда.

Се вчитува...