Ливерпул со второ реми, жилавиот Кристал Палас не падна под притисокот на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Ливерпул во новата сезона од Премиерлигата го запиша и второто реми, овојпат против Кристал Палас на домашен терен, 1-1.

Ливерпул фуриозно го стартуваше првото полувреме. Уште од самиот старт „црвените“ креираа шанси и се обидуваа што е можно побрзо да го отворат мечот, но ваквиот пристап кон играта беше без реализација. Фудбалското непишано правило „стапи на сила“ во 32. минута, супер-брзиот Вилфред Заха од контра погоди за 0-1 и водство на Кристал Палас. Со овој резултат се замина на пауза.

Дарвин Нуњез непромислено падна на провокација и го удри противникот со глава, по што доби црвен картон во 57. минута, што за момент се помисли дека ќе ја запечати судбината на својот тим. Сепак, ваквиот расплет на настаните како само дополнително да ги мотивираше избраниците на Клоп. По само четири минути игра, домаќините израмнија на 1-1, Луис Дијаз со соло продор и одличен шут од далечина постигна гол во 61. минута.

Без оглед што на теренот имаа еден играч помалку, до крајот на мечот Ливерпул постојано напаѓаше, но без прецизност и реализација.

 

 

Се вчитува...