Ливерпул тешко оштетен: Поништен чист гол на Диаз, нема црвен картон за Диого Жота (ВИДЕО)

Ливерпул повеќе од трагично го доживеа првиот пораз сезонава во Премиерлигата, со автогол на Матип во 96. минута, за пораз од 2-1 од Тотенхем на гостувањето во Лондон.

А, „црвените“ играа и со двајца фудбалери помалку по исклучувањата на Џонс во 26. минута и на Диого Жота во 69. минута, и ниту најмалку не заслужија пораз.

Уште повеќе ако се знае дека Ливерпул и, според сите анализи, веднаш по мечот беше тешко оштетен на дуелот на „Хотспур“.

Најспорна е 34. минута кога при резултат 0-0, беше поништен поради наводна офсајд позиција погодокот на Луис Диаз за водство на Ливерпул од 0-1.

Beinsport lines on Luiz Diaz disallowed goal vs Spurs after the match
byu/No_Neck1854 insoccer

Зачудувачки е тоа што и од ВАР-собата ја потврдија одлуката на помошниот судија за офсајд позиција на Диаз, иако согласно сите видео-анализи потоа е очигледно дека голот на офанзивецот на Ливерпул беше сосема чист…

Според аналитичарите, и досудените два жолти картони за Диого Жота, кој во игра влезе на стартот од второто полувреме, за само една минута – во 68. и во 69. минута, се и тоа како престроги. Жота според анализите на судењето не заслужуваше црвен картон, посебно затоа што првиот жолт картон беше апсолутно незаслужен…

Diogo Jota first yellow vs Tottenham (front angle)
byu/dhanda-m insoccer

Се вчитува...