Ливерпул тргна на пат за Катар, Ловрен остана дома

Европскиот првак Ливерпул утрово тргна на пат за Катар, каде ќе се обиде на клупскиот Мундијал ќе се обиде да ги обедини светската и европската фудбалска круна.

Јирген Клоп се соочуваше со проблеми во пресрет на ова натпреварување, па по Фабињо и Матип, од комбинација за настап отпадна и Дејан Ловрен. Хрватскиот дефанзивец се повреди на мечот од ЛШ против Салцбург, па воопшто не се најде на списокот на патници за Катар. Добра вест за Клоп е што зелено светло доби Вајналдум, чија повреда од вчерашниот меч со Ватфорд по се изгледа не е премногу сериозна.

Младите Харви Елиот и Рајан Брустер, кои се најдоа на поширокиот список на Ливерпул, останаа дома и ќе бидат предводници на Ливерпул во четвртфиналето од лига-купот против Астон Вила, меч на кој „црвените“ ќе настапат со својот младински тим. Се очекува Елиот и Брустер по одигрувањето на оваа средба да отпатуваат за Катар.

Ливерпул во полуфиналето од клупското СП ќе се сретне со мексиканскиот претставник Монтереј.

Се вчитува...