Ливерпул тргнува по „новиот Бруно Фернандеш“

Педро Гонсалвеш, 23-годишниот фудбалер на Спортинг Лисабон и на португалскиот национален тим, би можел да биде следната аквизација на Ливерпул.

Гонсалвеш игра на позицијата офанзивен играч за врска, и во досегашните 36 настапи за Спортинг, постигна 26 гола.

Гонсалвеш во Португалија го нарекуваат „новиот Бруно Фернандеш“, фудбалерот на Манчестер Јунајтед, со оглед дека многу потсетува на него.

Играчот на Спортинг беше во составот на Португалија за ЕВРО 2020. За Португалија одиграл два натпревари.

Се вчитува...